Галерија

За нас

30 години постоење, 30 години искуство, преку 500,000 задоволни пациенти.

За Нас

Приватната стоматолошка амбуланта Близнак Дент предводена од страна на Д-р Љубомир Коцевски основана е меѓу првите приватни стоматолошки амбуланти во Тетово. Со своето досегашно 30 годишно работење, 30 годишното искуство и со големиот број задоволни пациенти Близнак Дент доспеа до врвната Стоматологија, како на локално така и на државно ниво.

Целта на работењето е пружање на врвна стоматолошка услуга од страна на едуцираниот и искусен тим, преку континуирана едукација и примена на најсовремени методи и техиники како и примена на најсовремени и квалитетни материјали да бидат задоволени потребите на секој пацијент.

Покрај стоматолошката дејност, Близнак Дент поседува и сопствена заботехничка лабараторија насочена кон комплетна грижа во доменот на претклиничката и клиничката мобила и фиксна протетика. Стручниот тим во заботехничката лабараторија која е во склоп на самата стоматолошка амбуланта овозможува директна стручна комуникација Стоматолог - Забен техничар во однос на професионален пристап кон секој пациент а со цел за поуспешен третман на секој пациент.

Поимот најсовремени материјали и најсовремена опрема во нашата амбуланта е реалност, а тоа го докажуваме со фактот дека сме првата стоматолошка амбуланта со заботехничка лабараторија која во државата го имплементираше CAD CAM системот на SIEMENS Sirona: InLab MC X-5 како и фактот дека сме меѓу првите амбуланти кои имплементираше 3D принтер во својата заботехничка лабараторија. Нашата визија е имплементација на најсофистицираните технолошки процеси во стоматологијата и да го подигнеме квалитетот на повисоко ниво.

Стручниот тим на Близнак Дент е составен од 18 професионални медицински лица од кои 8 стоматолози, 6 стоматолошки сестри и 4 забни техничари.

Тимот на стоматолози, покрај доктори по дентална медицина вклучува и специјалисти по ендодонција и реставративна стоматологија, орална хирургија и имплантологија како и ортодонција, нудејќи широка палета на професионални стоматолошки и специјалистички услуги кои можете да ги добиете во нашата амбуланта.

Естетска стоматологија

Пратејќи ги светските трендови во стоматологијата и естетската медицина, Близнак Дент ги нуди сите техники и методи во доменот на естетската медицина и естетската стоматологија како што се:
1. DSD (digitala smyle design)
2. Аугментација на усни со употреба на дермални филери
3. Аугментација на јагодици со употреба на дермални филери
4. Контурирање на долна вилица со употреба на дермални филери
5. Пополнување на назолабијални бразди со употреба на дермални филери
6. Аугментација на брада со употреба на дермални филери
7.  Botox третман на челна регија
8. Botox третман на глабеларна регија
9. Botox третман на периокуларна регија
10. Нехирушки face-lifting на средна и долна лицева третина со употреба на COG-ови нити
11. Platelet rich plasma третман на лице и капилицијум
12. Хемиски пилинзи (PRX T-33)

Ендодонција и реставративна стоматологија

Специјалистички услуги од областа на ендодонција и реставративна стоматологија:
1. Композитни, керамички фасети, конфекциски, по фасета
2. Композитни или керамички фасети изработени во лабораторија
3. Индиректни керамички и композитни инлеи – на една површина
4. Индиректни керамички и композитни инлеи – на две површини
5. Индиректни керамички и композитни инлеи – на три површини
6.  Директни композитни инлеи – на една и повеќе површини
7.  Индиректен едноповршински метален инлеј
8.  Индиректен двоповршински метален инлеј
9.  Индиректен троповршински метален инлеј
10.  Ендодонтска терапија на еднокорени заби ( гангрена)
11.  Ендодонтска терапија на повеќекорени заби ( гангрена)
12.  Ендодонтска терапија на еднокорени заби при акутни пародонтити
13.  Ендодонтска терапија на повеќекорени заби при акутни пародонтити
14.  Ендодонтска терапија на еднокорени заби при хронични пародонтити
15.  Ендодонтска терапија на повеќекорени заби при хронични пародонтити
16.  Ендодонтска терапија на еднокорени и повеќекорени заби преку протетска изработка ( коронка)
17.  Ендодонтска терапија на три, четири и повеќе коренски канали (комплицирана)
18. Ендодонтска машинска обработка на коренски канали (три канали)
19. Ендодонтска машинска обработка на коренски канали (четири и повеќе канали)
20. Вадење на стари полнења и страни тела од коренските канали (по канал) – едноставно
21. Вадење на стари полнења и страни тела од коренски канали (по канал) – комплицирано
22. Ендодонтски третман при перфорација на кавумот н апулпата
23. Ендодонтски третман при перфорација на коренот на забот
24. Трауматска перфорација на ѕидот од каналот ( Fos Rut, погрешен пат -Via falsa)
25. Третман на калцифициран коренски канален систем
26. Ревизија на канално полнење ( преполнување, недоволно исполнети коренски канали)
27. Неоткриен канал
28. Терапија на ресорптивни процеси на коренот на забот ( надворешна и внатрешна ресорпција)
29. Ендодонтски третман кај системски заболувања ( кардиоваскуларни заболувања, хематолошки заболувања, ендокрини заболувања, респираторни заболувања, хепатални заболувања и други ризични заболувања )
30. Поставување дополнителни ретенциски елементи ( колчиња ) при постендодонтско реставрирање на забите
31. Отстранување на коронарни реставрации - коронки и мостови и нивно демонтирање
32. Репарација на перфорација и спроведување на соодветна ендодонтска терапија
33. Консултативен преглед за диференцијална дијагноза на одонтогено и неодонтогено потекло на болката и третман на болката од одонтогено потекло.
34. Ендодонтски третман кај заби со атипични анатомо - морфолошки карактеристики на коренските канали.
35. Трауматски повреди на тврда забна супстанца и потпорни ткива
36. Ендодонтска терапија со поставување атхезивни ФРЦ колчиња и трупче
37. Дијагностика на болки од непознато потекло и напукнат заб
38. Третман на итни случаи од ендодонтска причина
39. Консултативни услуги